More

    ФОТО Театарот во Мариупол пред и по рускиот напад

    spot_img

    Локалните власти во Мариупол објавија дека руските сили го погодиле градскиот театар за време на бомбардирањето. Според изјавите на Градскиот совет, цивилите се засолниле во театарот. „Руските сили намерно и цинично го уништија Драмскиот театар во срцето на Мариупол“, соопшти Градскиот совет на Твитер.Заменик-градоначалникот на Мариупол Серхи Орлов за Би-Би-Си изјави дека таму има меѓу 1.000 и 1.200 луѓе. Зградата на театарот се наоѓа во центарот на градот, а градскиот совет не можеше да го потврди бројот на жртвите.

    Снимките од разурнатиот театар почнаа да пристигнуваат вчера попладне.

    Шефот на регионалната администрација на Доњецк, Павло Кириленко, на Фејсбук објави фотографија од театарот во Мариупол. Тој пишува дека е невозможно да се утврди бројот на жртвите.

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во текот на ноќта објави фотографии од театарот пред и по рускиот напад.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img