More

    Формирањето на војската на Република Српска е запалив чекор

    spot_img

    Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ денеска изјави дека најавата на неговиот српски колега Милорад Додик за пролонгирање на преземање на ингеренциите на државата во областа на армијата и одбраната, е дополнителен запалив чекор, што ја дестабилизира ситуацијата во БиХ.

    Џаферовиќ оцени дека Додик мора да ги повлече сите потези што ги презеде во изминатиот период. Тој додаде дека тоа е единствениот начин за обезбедување на мир во БиХ.

    – Тоа, меѓу другото, значи прифаќање на одлуката на високиот претставник за суспендирање на Законот за недвижен имот и за запирање на нападите врз Дејтонскиот договор и неговата реформска имплементација, без никакво одложување или пролонгирање – истакна Џаферовиќ.
    Тој додаде дека ентитетот ниту сега ниту по шест месеци не може да презема надлежности од државата.

    Според Џаферовиќ „во најголем интерес за сите е да се запре Додик и на тој начин да го зачува мирот во БиХ“.

    – Да се најави формирање на неуставна армија во ентитетот, во ваква тензична ситуација во Европа по руската инвазија врз Украина, тоа може да го направи само човек кој работи за своите интереси и го поткопува мирот. Oд најголем интерес за зачувување на Дејтонскиот договор, безбедноста и стабилноста во БиХ и регионот е да се запре Додик бидејќи мирот во БиХ и во Европа е поважен од еден деструктивен политичар – истакна Џаферовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img