More

    Европската унија ја одложи одлуката за можното изземање на Западен Балкан од забраната за увоз на руска нафта и ќе се врати на ова прашање пред да стапи на сила забраната

    spot_img

    Европската унија ја одложи одлуката за можното изземање на Западен Балкан од забраната за увоз на руска нафта и ќе се врати на ова прашање пред да стапи на сила забраната, јавува РТС, повикувајќи се на изјавата на неименуван европски функционер во Брисел, кој е вклучен во подготовката на санкциите против Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

    Ќе треба да одлучиме дали Хрватска ќе може и понатаму да увезува руска нафта по морски пат, а потоа да ја испорача на други во Западен Балкан, беше кажано во Брисел, пренесува РТС.

    Како што се наведува, европскиот функционер нагласил дека од гледна точка на ЕУ „пожелно е земјите кандидати да се усогласат со политиката на санкции, а дебатата ќе покаже како неусогласеноста на Србија ќе влијае на дерогацијата т.е. одлуката за изземање од забраната за руска нафта”.

    Изворите наведуваат дека земјите-членки треба да одлучат дали Западен Балкан може да има „попривилегирана позиција” од самите членки во однос на увозот на руска нафта, „имајќи предвид дека станува збор за трети земји кои ни се многу блиски”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img