More

    Европа очекува Абази да работи професионално и да испорача резултати

    spot_img

    Европската Унија очекува Ислам Абази, новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК), одлучно и професионално да работи, вели евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, во емисијата „Агенда 35“ на Националниот радиодифузен сервис. Тој додава дека е свесен дека постои сериозна загриженост во јавноста околу изборот на Абази.

    – Да се фокусираме на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата. Инвестиравме многу во тој дел. Она што го очекуваме од ова Обвинителство и од новиот шеф е да ја продолжи својата работа со одлучност и професионализам, на идентичен начин како што тоа го очекуваме во рамките на целиот сегмент на владеење на правото. Постои изразена и сериозна јавна загриженост за процесот на негов избор. Тоа загрижува, но она што сега е потребно е тоа обвинителство да испорача – рече Гир.

    Тој додаде дека очекува Абази ја убеди ЕУ дека Обвинителството ќе испорача во однос на својата одлучност, професионализам и напредок во случаите што ги работи.

    – Но се согласувам дека целото прашање околу корупцијата и организираниот криминал, особено корупцијата, треба да се адресира на систематски начин, затоа ги споменав Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија и потребата од постапување по нивните препораки – рече Гир во „Агенда 35“.

    Претходно, амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер, изјави дека е збунета од начинот на изборот на Абази.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img