More

    Европа ја обвинува САД дека профитира од војната и ја „сакати“ европската економија

    spot_img

    Девет месеци откако Владимир Путин ја започна инвазијата на Украина, западната алијанса е под притисок. Европските претставници се лути на администрацијата на Џо Бајден и сега ги обвинуваат Американците дека заработиле богатство од војната, додека земјите од ЕУ ги трпат последиците – пишува порталот Политико во својата анализа.

    – Факт е, ако се гледа трезвено, земјата која најмногу профитира од оваа војна е Америка затоа што продава повеќе гас и по повисоки цени и затоа што продава повеќе оружје, изјави висок функционер за Политико.

    Слични коментари јавно или приватно ги повториле повеќе официјални лица, дипломати и министри од целиот блок. Зголемениот револт во Европа Кремљ најверојатно ќе го поздрави, смета аналитичарот.

    – Навистина сме во историски момент. Америка треба да сфати дека јавното мислење се менува во многу земји од ЕУ – рече висок функционер на ЕУ, тврдејќи дека двојниот удар на трговските пореметувања поради американските придобивки и високите цени на енергијата ризикува да ја сврти јавноста против помошта за Украина и трансатлантската алијанса.

    Главниот дипломат на ЕУ, Џозеф Борел, го повика Вашингтон да одговори на европската загриженост.

    – Американците – нашите пријатели – носат одлуки кои имаат економско влијание врз нас – рече тој во интервју за „Политико“.

    Тензиите се зголемија во последните недели поради зелените даноци на Бајден за кои Брисел вели дека неправедно го отжнуваат увозот од ЕУ и се закануваат да ја уништат европската индустрија. И покрај формалните приговори на Европа, Вашингтон досега не покажа знаци на повлекување. Во исто време, последиците од инвазијата на Путин на Украина ги туркаат европските економии во рецесија, со зголемена инфлација и притисок врз снабдувањето со енергија во зимата.

    Лидерите на ЕУ разговараа со Бајден за влијанието на американската политика на европските пазари, изјави изворот за Политико, но „тој не беше свесен за импликациите за ЕУ“. Незнаењето на САД, пишува весникот, се покажа како голем проблем.

    – Европејците беа очигледно фрустрирани од недостатокот на претходни информации и консултации – заклучи Дејвид Клајман од Истражувачкиот центар „Бројгел“.

    На почетокот на ноември францускиот претседател Емануел Макрон, за време на говорот пред претставниците на индустријата, го критикуваше законот за намалување на инфлацијата во САД.

    Америка произведува гас, кој го продава по повисока цена од европските земји, а нуди и огромна државна финансиска помош за голем број сектори, со што „го симнува европскиот проект од пазарот“, револтиран е европскиот политичар.

    Според Макрон, законот за намалување на инфлацијата не е во согласност со стандардите на Светската трговска организација. Вашингтон се однесува „непријателски“ во оваа ситуација, заклучи францускиот претседател.

    – Законот за намалување на инфлацијата е многу загрижувачки. Потенцијалното влијание врз европската економија е многу големо – изјави холандската министерка за трговија Лисје Шрајнемахер.

    Во август Џо Бајден потпиша закон со кој, меѓу другото, се предвидува проширување на даночните субвенции за купување електрични возила произведени во САД. Претседателската администрација го нарече документот „Закон за намалување на инфлацијата“. Државата издвои 370 милијарди долари за чиста енергија и остварување на климатските цели, 64 милијарди долари за намалување на трошоците за лекување и здравствено осигурување.

    Истовремено, Европската Унија тој чин го нарече дискриминација на слични производи увезени од други земји. Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон не исклучи воведување санкции доколку САД не ги ревидираат мерките за поддршка на бизнисот пропишани со законот за намалување на инфлацијата.

    Официјални лица од двете страни на Атлантикот ги препознаваат ризиците што ќе ги има сè потоксичната атмосфера за западната алијанса. Токму тоа го сака Путин, се согласија дипломатите на ЕУ и САД.

    Ескалирачкиот спор околу Законот на Бајден за намалување на инфлацијата (ИРА) – огромен пакет за даноци, клима и здравствена заштита – уште еднаш ги стави стравувањата од трансатлантска трговска војна високо на политичката агенда. Министрите за трговија на ЕУ треба да разговараат за нивниот одговор во петок, додека властите во Брисел подготвуваат планови за итни субвенции за време на војната за да ја спасат европската индустрија од колапс.

    Според висок функционер во една европска престолнина, надополнувањето на залихите на софистицирано оружје може да потрае со години, поради проблеми во синџирите на снабдување и производство. Ова ги поттикна стравувањата дека американската одбранбена индустрија ќе профитира уште повеќе од војната во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img