More

    Евро во Германија можеби без голема ѕвезда: Реал Мадрид го потврди најлошото сценарио

    spot_img

    Тешката повреда на дефанзивецот Давид Алаба синоќа во голема мера ја намали радоста на Реал Мадрид поради привременото водство во шпанското фудбалско првенство.

    Алаба се повреди во првото полувреме на неделната победа на домашен терен над Виљареал од 4:1, а австрискиот фудбалски репрезентативец ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, соопштија од клубот по првичните лекарски прегледи.

    Се очекува Алаба да биде опериран во наредните денови и да отсуствува неколку месеци.

    Сезоната веќе би можела да биде завршена за 31-годишниот фудбалер, а под знак прашалник е и неговиот настап на Европското првенство во Германија од 14 јуни до 14 јули.

    Повредата на капитенот на австриската репрезентација се случи точно шест месеци пред првиот натпревар на Австрија на ЕУРО.

    Крајно горчлив за Реал е и долгата принудна пауза на австрискиот дефанзивец. Кралскиот клуб во моментов има седум повредени во својот список: Арда Ѓулер, Дани Карвахал, Едуардо Камавинга, Винисиус Јуниор, Ферланд Менди, Тибо Куртоа и Едер Милитао.

    Овој вториот ќе биде надвор од терените неколку месеци поради кинење на вкрстените лигаменти, па Мадрид најверојатно ќе мора да додаде дефанзивец за време на зимската пауза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img