More

    Еве за што зборувале Зеленски, Ердоган и Гутереш

    spot_img

    „Нешто особено грдо“ би можела да планира Русија во среда на 24 август, кој Украина го слави како Ден на независноста, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски велејќи дека за ова ги известил Емануел Макрон, Реџеп Таип Ердоган, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и други светски лидери, пишува Ројтерс. Минатата недела Гутереш и Ердоган ја посетија Украина.

    – Сите партнери на Украина се информирани за тоа за што може да подготви терористичката држава оваа недела – рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање, мислејќи на Русија.

    Веќе нема разговори, Русија самата се отсече

    Тој, исто така, рече дека ако Русија продолжи со плановите да ги суди заробените украински бранители во Мариупол, меѓу кои има и заробеници членови на баталјонот „Азов“, тогаш би ги прекршила меѓународните правила и самата би се отсекла од преговорите.

    – Кога ова одвратно шоу судење би продолжило…ова би била линијата по која преговорите повеќе не се можни – рече тој.

    – Веќе нема да има разговори, нашата држава кажа сѐ.

    „Фајненшл тајмс“, во напис објавен во неделата, го цитира Генадиј Гатилов, амбасадор на Москва во Обединетите нации во Женева, кој вели дека Ердоган се обидел да го олесни дијалогот. Но, тој ги отфрли шпекулациите за разговорите меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека „нема практична платформа за одржување на оваа средба“.

    Колку е подолга војната, толку потешко ќе најдеме решение

    Гатилов потсети дека колку повеќе продолжува конфликтот толку потешко ќе биде да се најде решение.

    – Сега не гледам можност за дипломатски контакти. И колку повеќе конфликтот продолжува, толку потешко ќе биде да се има дипломатско решение – вели дипломатот за „Фајненшл Тајмс“.

    Руските врски со западните нации исто така станаа практично непостоечки, а делегацијата што ја предводи нема формални или лични контакти со западните колеги, додава тој.

    – Русија верува дека САД не се грижат за интересите на рускиот сосед и дека сакаат да се борат против Русија до последниот Украинец – потцртува Гатилов.

    Ердоган наместо средба само ќе телефонира

    Наместо средба, се очекува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган планира оваа недела телефонски да разговара со рускиот лидер Владимир Путин, а тема на разговор се очекува да бидат ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и украинската криза, изјави дипломатски извор за РИА Новости.

    Тој рече дека Турција продолжува да ја исполнува својата чесна посредничка улога во конфликтот како единствена земја што ја добила довербата од двете страни.

    Русија е зафатена со автомобилот на Дугин

    Во Русија, властите го истражуваат осомничениот напад со автомобил-бомба надвор од Москва, во кој беше убиена ќерката на Александар Дугин, ултра-националистички руски идеолог кој се залага за Русија да ја апсорбира Украина.

    Додека траат полемиките околу завршеток на војната, таа продолжува со силен интензитет. Експлозии се слушаат близу Никопол, град во близина на нуклеарната централа во Запорожје. Борби се водат во Харков, Запорожје и Миколаев, во регионите Доњецк и Луганск.

    Во неделата, американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон, германскиот канцелар Олаф Шолц и Макрон одржаа телефонски разговор во кој ја истакнаа важноста од обезбедување на безбедноста на нуклеарните инсталации, истовремено нагласувајќи ја нивната „цврста посветеност“ на Украина.

    Украинците биле независни уште во 1917 година?

    Што се случило на 24 август? Во далечната 1917 година, Украина носи Устав со кој прогласува автономија од Русија. Во него се вели дека „изворот на моќ во Украина е украинскиот народ“, дека „администрацијата на Украина треба да ја спроведува украинскиото Собрание“, наречено врховна Рада и дека Радата ќе носи закони кои ќе бидат валидни на територијата на Украина.

    Подоцна, на 25 јануари во 1918 година, во екот на Болшевичката револуција која се случува во царска Русија, Украина со „четвртиот универзал“, документ на Радата, прогласува и целосна независност од Русија. Ова довело до четиригодишна војна со Болшевиците и потпаѓање на Украина под новоформираниот СССР.

    Години подоцна, во 1991, Врховниот суд на СССР конечно пресудува дека Украина е независна, одлука која многумина ја толкуваат како „држава дадена на тацна“ и која ќе ги разбесни руските националисти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img