More

    Еве што нуди програмата „Студентска работа“ во Словенија

    spot_img

    Зголемете ги шансите за успех во студирањето и искористете ги можностите за студентска работа во Словенија. На странските студенти им е дозволено да се вработат привремено или со скратено работно време преку посебна програма „Студентска работа“. Ова е официјално вработување и е регулирано така што студентите не ги губат останатите привилегии.

    Односно, вработувањето мора да оди преку агенции за вработување специјализирани за студенти кои се нарекуваат Студентски услуги (Student Services) и издаваат посебен вид договор во вид на препорака (referral forms/referrals). Студентските услуги нудат списоци со достапни студентски работни места и се грижат за исплатата на хонорарот или платата.

    Интересно е што околу 90% од студентите по завршување на студиите го продолжуваат својот работен ангажман кај истиот работодавец во форма на редовен работен однос.

    Дали е лесно да се добие работа?

    Потребата од работна сила во Словенија е зголемена во последниот период речиси во сите области. Недостатокот од работници овозможува повеќе прилики за докажување и напредок во кариерата. Според сајтот што ги промовира овие студентски услуги, шансите се зголемуваат доколку го научите словенечкиот и зборувате англиски јазик.

    Дури и ако сами најдете работно место, мора да го пријавите во Студентиот сервис и од нив да добиете препорака за да ги зачувате другите привилегии.

    Колку вработувањето го отежнува студирањето?

    Од Факултетот за општествени применети студии (ФУДШ, https://www.fuds.si/sl/ ) од Нова Горица велат дека не мора да се чека до крајот на студиите за да се бара вработување. Можностите кои системот за универзитетско школување ги нуди во Словенија помагаат студентот полесно да се вклучи во системот, полесно да го запознае, креирајќи шанса за понатамошен кариерен развој и надвор од Македонија. Во моментов во овој факултет
    студираат над 70 студенти од Македонија, кои во ФУДШ го препознале квалитетот и можноста да се здобијат со посакуваното знаење.

    Онлајн студии и работа во Македонија

    Одличните онлајн програми за студирање се една од предностите на ФУДШ, кој нуди различни студиски програми од дипломски до докторско ниво. Дигитализацијата на едукативниот систем на Факултет како производ го даде пакетот Студирај+ (Study+). Ова е своевиден хибриден систем со кој студентите можат да посетуваат предавања физички или онлајн преку Zoom. Односно со доплата за пакетот Студирај+ студентите ги следат сите студиски активности од далечина во реално време со можност за интерактивно учество во наставата.

    Дополнително имаат пристап до снимките од сите предавања и овој пакет овозможува и онлајн полагање на
    испитите.Факултетот нуди одлична додипломска програма за Социјален менаџмент и магистерска програма за Интеркултурен менаџмент, програми по Психосоцијална помош на додипломски и Психолошко советување на магистерско ниво. Како и додипломски и магистерски студии на Медиуми и новинарство. Двете докторски програми се во областа Социологија и Психосоцијални студии и Стратешки комуникации и менаџмент. Факултетот ги следи најновите трендови и образовни потреби на студентите, што ја покажува нивната сериозност во пристапот на образованието.

    Пример, единствено на ФУДШ може да се студира Психосоцијално советување во спортот (https://www.fuds.si/en/psychosocial-counselling-in- sport-ma/ ), програма што ја нема ниту една друга високо-образовна институција.

    Привилегии за студенти

    Студентите од Македонија кои ќе одберат некои од програмите на овој факултет имаат  привилегија да се запишат без трошоци. Иако ФУДШ е приватна институција, нивната концесија добиена од државата овозможува упис на македонските студенти без школарина.

    Студентите, исто така, имаат можност за сместување во студентските домови кое е поедноставна опција од изнајмување стан, особено на првата година од студиите. Според македонски студенти кои се на студии во Словенија, изнајмувањето на приватно сместување е со цени слични со оние во Македонија.

    Не ретко нивните родители знаат да се пофалат дека помалку трошат за студентот во Словенија отколку за средношколецот во Македонија. Студентите имаат попусти во речиси 80 отсто од рестораните во студентските градови. Попусти се нудат на студентите и за членарини за спортски активности, а за викендите имаат можност
    за посета на другите делови од Словенија или одмор во природа.

    Студиските програми обезбедуваат знаења и компетенции потребни за успешно извршување на професионалната работа, во Македонија и надвор од нејзините граници. А студирањето в0
    рамки на Европската унија ги зголемува можностите за кариерен развој и подобрување на
    квалитетот на животот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img