More

    „Ете колку е опасна руската пропаганда“

    spot_img

    Полска ќе ги заостри правилата за тоа кој и како може да зборува со претседателот, откако неодамна руските комичари Вован и Лексус му се јавија на претседателот Анджеј Дуда претставувајќи се дека од другата страна на слушалката е Емануел Макрон.

    – Тоа е пример колку е опасна не само руската пропаганда, туку пред сè, кибер нападите. Разни светски политичари беа жртви на такви комичарски напади. Уверен сум дека надлежните служби ќе ги заострат правилата – подвлече во изјава неговиот колега Моравјецки, премиерот на Полска.

    Комичарите Вован и Лексус – Владимир Кузнјецов и Алексеј Столаров веќе двапати го измамија Дуда, кој повеќе од седум минути одговараше на прашања,велејќи дека „не сака војна со Русија“.

    Следуваше лавина огорчени коментари на социјалните мрежи од страна на Полјаци. За нив, тоа е бламирање и на луѓето околу претседателот и на самиот шеф на државата, бидејќи ова е веќе вторпат, откако пред две години руски комичари го измамија Дуда, терајќи го да верува дека разговара со генералниот секретар на Обединетите Нации. Кабинетот на претседателот соопшти дека го проверува инцидентот и оти ќе преземе мерки тоа да не се случи повторно.

    „Кога претседателот сфати дека разговорот не се води на типичен начин, го прекина”, соопшти Кабинетот.

    Шеговитиот разговор со руските комичари бил овозможен бидејќи службеникот од претседателскиот кабинет не проверил како што е пропишано, дали навистина станува збор за францускиот претседател, неофицијално дознава полското радио РМФ ФМ.

    Извори од претседателскиот кабинет, исто така, тврдат дека лажниот Макрон во телефонскиот разговор не зборувал англиски со забележлив руски нагласок, како што објавија комичарите. Тие веруваат оти тој дел е нешто снимено од друг разговор.

    Претседателот на Полска не е единствена жртва на шегите на Вован и Лексус. Меѓу другите кои наседнаа на нивните повици се и Емануел Макрон, поранешниот британски премиер Борис Џонсон, премиерот на Канада, Џастин Трудо.

    Истите комичари во 2019 година му се претставија на тогашниот македонски премиер Зоран Заев како Петар Порошенко и Јенс Столтенберг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img