More

    „Енергетскиот кошмар“ во Европската унија само ќе се влошува, наведува Блумберг

    spot_img

    „Енергетскиот кошмар“ во Европската унија само ќе се влошува, наведува Блумберг.

    – За да се одржи снабдувањето со енергија во домовите, земјите од ЕУ ќе мора многу вешто да ја балансираат понудата и побарувачката. Тие ќе мора да донесат тешки одлуки за да ја минимизираат штетата од претстојната зима – се наведува во публикацијата.

    Како што додаде авторот на статијата, за жителите на некои земји влогот во оваа игра ќе биде живот или смрт.

    Причината е студот – владите на ЕУ ги повикуваат граѓаните да штедат гас и да ги постават термостатите на ниски температури. Меѓутоа, луѓето почнуваат да штедат гас не поради повиците на лидерите, туку поради секојдневното зголемување на цените, се вели во написот.

    Рејчел Морисон, колумнист, истакна дека температурата од 13 степени може да предизвика проблеми со срцето, а исто така е речиси фатална за постарите лица и оние со хронични болести.

    Новинарите на Блумберг интервјуирале и вработен во месарница во Велика Британија. Тој рекол дека секој ден има се помалку посетители, бидејќи цените се зголемиле за 15-20 проценти и продолжуваат да растат.

    – Луѓето едноставно не можат да купат намирници – објаснил месарот.

    Колумнистот Хавиер Блас изјави дека кризата во Европа е најголема во последните 50 години.

    – Сегашната енергетска криза е полоша од последиците од ембаргото за гориво во 1970-тите години – призна Блас и додаде дека медиумите известуваат дека до пролет речиси и да нема да остане дизел гориво во ЕУ.

    Новинарот како причина за тоа ја наведе зависноста на Европа од гасот што го продава Москва.

    – Европската унија се навикна на гасот од Русија уште од времето на СССР. Ттој е евтин, достапен и многу близок – рече тој.

    Како резултат на тоа, нагласува изданието, состојбата се влошува во речиси сите сфери на животот во Европа и не се очекува подобрување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img