More

    ЕК го претстави новиот стандард Еуро 7 за сите возила

    spot_img

    Европската комисија во четвртокот предложи регулатива со нови правила за намалување на издувните гасови од моторните возила наречена Еуро 7, во која за првпат се регулираат емисиите на честички и микропластика генерирани со употреба на гуми и сопирачки.

    Новата норма Еуро 7 ќе ја замени претходната, која има посебни правила за емисиите од автомобили и комбиња (Евро 6) и за камиони и автобуси (Евро VI).

    Новиот стандард Еуро 7 воведува единствен сет на правила за ограничувања на емисијата за сите моторни возила. Новиот стандард поставува исти ограничувања за емисија на штетни гасови за сите возила без разлика дали возилото користи бензин, дизел, електричен погон или алтернативни горива.

    Нацрт-регулативата вклучува емисии од издувните цевки, како и од сопирачките и гумите.

    Сите автомобили и комбиња кои ќе влезат на пазарот на ЕУ ќе мора да имаат нула емисија на јаглерод диоксид од 2035 година, но повеќе од 20 проценти од автомобилите и комбињата и повеќе од половина од тешките возила се очекува да испуштаат емисии на издувните цевки во 2050 година.

    За разлика од моторите со внатрешно согорување, електричните возила не испуштаат издувни гасови, но сепак предизвикуваат загадување поради сопирачките и микропластиката од гумите.

    Новите правила поставуваат дополнителни ограничувања за емисиите на честички од сопирачките и микропластиката од гумите и ќе важат за сите возила, вклучувајќи ги и електричните.

    „Ние сме први во светот што ги регулиравме емисиите од гумите и сопирачките“, изјави комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон.

    Новите правила, исто така, поставуваат ограничувања за емисиите за претходно нерегулирани загадувачи, како што се емисиите на азотни оксиди од тешките возила.

    Комисијата проценува дека емисиите на честички, кои се генерираат со употреба на сопирачки за автомобили и комби, ќе се намалат за 27 отсто до 2035 година.

    Дотогаш емисијата на азотни оксиди ќе се намали за 35 отсто кај автомобилите и комбињата во однос на Еуро 6 или за 56 отсто кај автобусите и камионите во однос на стандардот Еуро VI.

    „Не можеме да прифатиме општество каде што загадувањето на воздухот е причина за повеќе од 300.000 предвремени смртни случаи годишно во ЕУ. Новите правила ќе ни помогнат да дишеме побезбедно и ќе му помогнат на автомобилскиот сектор да стане позелен и поотпорен“, рече извршната потпретседател на Комисијата, Маргрете Вестагер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img