More

    Една од најпознатите игри во светот добива свој филм

    spot_img

    Дигиталната игра „Тетрис” излезе во 80-тите, стана светски хит, а следните две десетлетија беше и дел од скоро сите мобилни телефони пред појавата на паметните телефони. Сепак, малку луѓе го знаат историјатот на создавањето на оваа игра, па сега за него е снимен и филм, чиј трејлер беше објавен деновиве.

    За само четири дена филмот речиси четири милиони прегледи. Инаку, заснован  е на вистински настани и раскажува како е создадена играта и како стана хит во целиот свет. Приказната е за холандко-американкиот компјутерски дизајнер Хенк Роџерс (го глуми Тарон Егертон), кој го открива „Тетрисот“ во 1988 година, па се упатува кон Советскиот Сојуз, каде што ги здружува силите со пронаоѓачот Алексеј Пажитнов (Никита Ефремов) за да ја пренесе играта до поголем број луѓе.

    „Американки и руски компјутерџија создаваат неверојатно пријателство додека се обидуваат да ја избегнат КГБ (рускиот Комитет за државна безбедност) и да ја прошверцуваат најпознатата видеоигра на светот надвор од Советскиот Сојуз“, гласи описот на филмот.

    Другите улоги ги толкуваат Софја Лебедева, Тоби Џонс, Рик Јун, Бен Мајлс. Режисер на филмот е Џон Бејрд, а сценариото е на Ноа Пинк. „Тетрис“ ќе излезе на 31 март годинава на стрим-платформата „Епл ТВ плус“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img