Би-би-си во најавата за дуелот ги спротивстави најдобрите играчи на нивните репрезентации – Лука Модриќ и Лионел Меси.
„Две икони, добитници на Златната топка со бројот десет на грб. Двајца поразени финалисти на Светското првенство. Двајца капетани. Една шанса конечно да го достигнат врвот на фудбалскиот свет и да го подигнат славниот трофеј пред да се пензионираат“, пишува Би-Би-Си и продолжува:
„Двајцата беа клучни за настапот на нивните тимови и двајцата реализираа пенал во четвртфиналето. Меси сепак е подобар во ова натпреварување според статистиката. Тој постигна четири гола и асистираше за два. Модриќ се уште нема постигнато гол во регуларното време или асистенција. Сепак, Хрватот игра во средината, додека Меси игра во нападот“.