More

    Два холандски борбени авиони Ф-35 пресретнале три руски воени авиони во близина на полскиот воздушен простор

    spot_img

    Холандското министерство за одбрана соопшти дека два холандски борбени авиони Ф-35 пресретнале три руски воени авиони во близина на полскиот воздушен простор.

    „Авионите, кои тогаш беа непознати, се приближија до воздушниот простор на НАТО и Полска од Калининград“, соопшти холандското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.

    Министерството додаде дека по идентификацијата, било откриено дека станува збор за авионот „Ilyushin IL-20M Coot-A“, придружуван од два ловци Сухој Су-27.

    Холандските борбени авиони почнале да ги придружуваат руските авиони од далечина, а потоа ја предале придружбата на партнерите од НАТО, се заклучува во соопштението.

    Вкупно осум холандски авиони Ф-35 се стационирани во Полска, според холандското министерството за одбрана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img