More

    Дресот на Коби Брајант продаден за 5,8 милиони долари

    spot_img

    Дрес на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, е продаден на аукција за 5,8 милиони долари, што е трета највисока сума платена за спортски дрес по оние на Мајкл Џордан и Диего Марадона, објави денеска аукциската куќа Сотби.

    – Овој дрес е икона каква што ретко гледаме за спортска опрема. Коби го носеше 25 пати во текот на НБА-сезоната 2007/2008, кога беше прогласен за МВП – коментираше Брам Вочтер, раководител на одделот за модерно колекционерство на Сотби.

    Жолто-виолетовиот дрес на Коби Брајант со бројот 24 е продаден на лице кое сакало да остане анонимно.

    Во септември лани дресот со бројот 23 кошаркарската ѕвезда на Чикаго Булс, Мајкл Џордан, беше продаден на аукција за 10,1 милиони долари, додека претходно истата година во мај беа платени 9,3 милиони долари за дресот што аргентинскиот капитен Диего Марадона го носеше на Светското фудбалско првенство во 1986 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img