More

    Драматично скокнал евроскептицизмот во Македонија

    spot_img

    Евроскептицизмот во Македонија драматично пораснал. Помалку од половина од граѓаните, односно 49 отсто, сметаат дека влезот во ЕУ е добра работа, сугерира новата анкета „Еврометар“ на „Евротинк“. Дури 34 отсто од испитаниците на друго прашање одговориле дека членството во ЕУ не е добра работа, 33 отсто сметаат дека ЕУ не е најдобра алтернатива, а 58 отсто сепак сметаат дека Унијата останува најдобра можност за нас.

    Речиси 65 отсто од граѓаните рекле дека односот на ЕУ кон Македонија е нефер, надмен и уценувачки.

     

    Дури 27 отсто од граѓаните сметаат дека Бугарија е прва закана за Македонија, а Русија е на второто место, но само со 4 отсто процентни поени. Најголем пријател ни е Србија, сметаат 37 отсто граѓани, потоа САД со 11 отсто поддршка, Туркије со 8,5 отсто па дури потоа ЕУ со 8,1. Русија добила 2,5 отсто поддршка од испитаниците.

    Дури 7 од 10 граѓани сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, а 6 од 10 сметаат дека немаме демократија.

    Во обвинителството веруваат 7 отсто, а во судството 6 отсто.

    Ставот за тоа дали ќе има уставни измени кај граѓаните е речиси изедначен во групите „за“ и „против“. Еден процент повеќе со 39 отсто наспроти 38 сметаат дека измените во Уставот нема да се случат.

    Дури 29 отсто од граѓаните, речиси третина, сметаат дека земјата никогаш нема да влезе во ЕУ, додека само 12 отсто сметаат – или секој 10-ти- смета дека тоа ќе се случи за 5 години од сега.

    Целата анкета може да се прегледа овде.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img