More

    Дозволено е да се напише „смрт за руските напаѓачи“

    spot_img

    Фејсбук привремено ја ублажи својата политика кога станува збор за статуси што се однесуваат на руската инвазија врз Украина, но само кога станува збор за случаи на воопштен говор на насилство, за изрази како „смрт за руските напаѓачи“, не и за искажување закани против цивили.

    Таквата одлука на технолошкиот гигант веднаш предизвика поделени и спротивставени реакции кај јавноста, но Фејсбук застана во одбрана на својата промена.

    „Како одговор на руската инвазија врз Украина привремено дозволивме форми на политичко изразување што вообичаено би биле оценети како спротивни на нашите правила за говор на насилство“, се вели во соопштението на „Мета“, додавајќи дека се уште нема да дозволат „повици за насилство врз руски цивили“.

    Објавата на „Мета“ следува откако медиумите објавија дека заострената политика на Фејсбук по однос воениот конфликт покрај Русија ги опфатила уште и Ерменија, Азербејџан, Естонија, Грузија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Украина, повикувајќи се на имејл испратен од компанијата до нејзините модератори на содржините што се објавуваат на социјалната мрежа. Од „Мета“ не било одговорено за тоа кои се географските одредници на односната политика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img