More

    Досиејата на Uber: Како водечките политичари тајно му помагаа на Uber

    spot_img

    Илјадници протечени досиеја открија како компанијата Uber ги вовлекувала врвните политичари и колку далеку отишла во обидот да се наметне на постоечката такси индустрија, јавува Би-Би-Си.

    Тие детално ја опишуваат обемната помош што Uber ја доби од лидери како што се актуелниот француски претседател Емануел Макрон и поранешната еврокомесарка Нели Крос.

    Голем обем на доверливи досиеја открија како ги прекршила законите, ја мамела полицијата, употребувала насилство врз возачите и тајно лобирала до владите за време на нејзината агресивна глобална експанзија. Тие откриваат и како Uber се обидел да обезбеди поддршка со додворување на премиерите, претседателите, богатите, медиумите.

    Досиејата покажуваат и дека поранешниот шеф на оваа компанија лично наредил да се користи „кил прекинувач“ за да се спречи полицијата да пристапи до компјутерите.

    Од компанијата на сето ова велат дека нејзиното „минато однесување не било во склад со сегашните вредности“ и дека денес е „поинаква компанија“.

    Датотеките на Uber се состојат од повеќе од 124.000 записи, вклучувајќи 83.000 е-пошта и 1.000 други датотеки кои вклучуваат разговори помеѓу 2013 и 2017 година.

    Овие записи беа обелоденети до британскиот Гардијан и споделени со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари и бројни медиумски организации. Тие за прв пат откриваат како операцијата за лобирање и односи со јавноста од 90 милиони долари годишно регрутирала пријателски политичари да помогнат во кампањата чија цел е да се наруши европската такси индустрија.

    Немилосрдните деловни методи на Uber беа нашироко познати, но за прв пат датотеките даваат уникатен внатрешен поглед на тоа колку далеку отишол Uber за да ги постигне своите цели.

    Додека француските таксисти организираа понекогаш насилни улични протести против Uber, тогашниот министер за економија Макрон, сега претседател, бил во контакт со контроверзниот шеф на Uber, Тревис Каланик и му рекол дека ќе ги реформира законите во корист на компанијата, јавува Би-Би-Си. Марон го гледаше Uber како извор на раст и вработување и сакаше да помогне.

    Досиејата покажуваат дека поранешната еврокомесарка за дигитални прашања, Нели Крос, една од највисоките функционери во Брисел, била во преговори да се приклучи на Uber пред истекот на нејзиниот мандат. Таа потоа тајно лобираше за компанијата, потенцијално кршејќи ги етичките правила на ЕУ.

    Во тоа време, Uber не беше само една од најбрзо растечките компании во светот, туку и една од најконтроверзните, опфатена со тужби, обвинувања за сексуално вознемирување и скандали со кражба на податоци.

    На крајот, на акционерите им беше доста и тогашниот газда Тревис Каланик мораше да си замине во 2017 година.

    Uber вели дека неговата замена, Дара Косрошахи, „имала задача да го трансформира секој аспект од работењето на Uber“ и дека тој „инсталирал ригорозни контроли и усогласеност неопходни за функционирање на Uber како јавна компанија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img