More

    Досега се потврдени девет жени на кои им била дадена супстанцата

    spot_img

    Најмалку девет жени кои присуствувале на забава организирана од германската Социјалдемократска партија (СПД), во која бил и канцеларот Олаф Шолц, биле дрогирани со супстанца позната како „дрога за силување“, објави СПД.

    Портпаролот на партиската пратеничка група во парламентот го потврди написот на берлинскиот весник „Тагесшпигел“ и додаде дека досега се потврдени девет жртви.

    Берлинската полиција соопшти дека истражува тешка телесна повреда откако 21-годишна жена поднела пријава.

    „Ги советувам сите засегнати да поднесат тужба“, напиша на Твитер една од лидерите на СПД, Катја Маст.

    Во е-пошта испратена до учесниците на летната прослава одржана во средата, партијата на Шолц, СПД, го осудува „страшниот чин што веднаш бил пријавен во полиција“.

    Илјадници луѓе беа на традиционалната прослава што СПД ја организира пред летниот одмор, а меѓу нив беше и канцеларот Шолц од таа партија, како и бројни други претставници и соработници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img