More

    Досега над 300 напади на енергетската инфраструктура во Украина

    spot_img

    Русија употреби оружје со висока прецизност за да изврши дополнителни напади врз украинската енергетска инфраструктура заедно со воени цели, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

    – Сите целни објекти се погодени – изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесува ДПА.

    Тој додаде дека Русија извршила напади во регионите Харков, Доњецк и Херсон. Украинските вооружени сили продолжуваат со напредувањето во Херсон, кој главно е под контрола на руските трупи, рече тој.

    – Нападите на руските тенкови и нанесоа тешки удари на украинската војска, а единиците на Киев потоа се разотидоа – рече Конашенков, тврдејќи дека руските сили ги држат нивните позиции.

    ДПА нагласува дека информациите не можат да се потврдат независно.

    Русија изврши повеќе од 300 воздушни напади врз енергетската инфраструктура на Украина од 10 октомври, изјави денеска украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

    Украинската влада воведе ограничувања за користење на електрична енергија низ целата земја за прв пат од февруари, по серијата напади за кои претседателот Володимир Зеленски рече дека погодиле третина од електраните во Украина, објави британскиот весник „Гардијан“.

    Според новиот режим за заштеда на енергија, снабдувањето со електрична енергија низ цела Украина е ограничено од денеска во периодот од 7:00 до 23:00 часот.

    Украинскиот министер за енергетика изјави дека владата бара да се намали употребата на енергија за 20 отсто, како и дека Украинците го почитуваат апелот за ограничување на користењето на енергијата.

    – Гледаме пад на потрошувачката – рече тој и посочи дека е забележливо доброволно намалување на потрошувачката на електрична енергија.

    – Но, кога тоа не е доволно, ние сме принудени да воведеме принудно исклучување – изјави Халушченко за украинската телевизија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img