More

    Документарецот на Новакова влезе во трката за оскарите

    spot_img

    „Вознемирена земја“ на македонската режисерка Кумјана Новакова се квалификува за Оскар во категоријата за долгометражен документарен филм. Академијата за филмски уметности и науки во САД ја објави листата на филмови кои се квалификуваа за 95-то издание на Оскарите, а гласањето започнува денеска (12 декември).

    – „Вознемирена земја“ е рефлексија и оддава почит на одлучната истрајност на човечкиот дух и неговиот капацитет да ги издржи и преживее и најстрашните околности – се наведува во рецензијата на „Скрин дејли“.

    „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова во корежија со Гиљермо Карерас-Канди, е во шпанско-босанска-македонска копродукција. Филмот се квалификува за Оскар со освојувањето на Големата награда (Grand Prize) на 14 издание на фестивалот на документарен ДМЗ Докс (DMZ Docs).

    По премиерата во официјалната селекција во Сараево, филмот беше дел од официјалната програма на некои од најреномираните интернационални филмски фестивали во светот. Филмот го доби и специјалното признание „Кромид“ во главната програма за најдобар интернационален долгометражен креативен документарен филм на овогодинешниот МакеДокс, а беше номиниран и за најдобар источноевропски долгометражен документарен филм од Институтот за документарен филм во Прага.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img