More

    Димовски вели дека и власта и опозицијата не сакаат моќен синдикат

    spot_img

    Во администрацијата имаме работници кои не одат на работа и тие се баш партиски работници. А тој што вистински работи на своето место има поголем обем на работа, бидејќи работи и за колегата кој не оди на работа, вели во неделното интервју на РСЕ, Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

    Тој вели дека работниците немаат причина за славење и затоа денеска, на 1 Мај треба да излезат на протести.

    – За потоа тоа да прерасне во едно општо задоволство дека ние работниците денеска ќе се собереме и да ги бараме нашите права согласно закони и колективни договори и да пратиме до нашите народни избраници, работодавачи и Владата една јасна порака дека бараме повисоки плати во оваа економска, енергетска и по ново воена криза, за да може да опстанеме како работници и она што го работиме да биде вреднувано достоинствено – вели Димовски.

    На прашањето, зошто опозицијата го нарекума „омилениот синдикалец“, Димовски одговори:

    – Мене лично како Дарко Димовски, како претседател на Сојуз на синдикати на Македонија, ми е јасно дека ниту Владата, ниту опозицијата не сака да има јак синдикат. Зошто за опозицијата го кажувам тоа? Бидејќи ние ги решаваме оние проблеми од работен однос во интерес на работниците. Јасно ми е дека тогаш опозицијата нема што да критикува, бидејќи ние како Сојуз на синдикати на Македонија, сè што ни беше зацртано – Недела неработен ден, плус зголемување од минимум 50 отсто на дневницата за оние што работат во недела, потоа минимална плата од 18 илјади денари, и сега новата методологија за скалесто покачување на останатите плати и правото кога, баш во 2008 година кога еден несреќен министер и еден несреќен синдикат, се изгуби правото на регрес во јавниот сектор или актуелното К-15.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img