More

    Димитров посочува на неверојатна сличност во наративите на Москва и Софија

    spot_img

    Постојат неверојатни сличности меѓу наративот на Путин за Украина и официјалниот наратив на Бугарија за етничките Македонци – вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во итервју за Мкд.мк.

    – Бугарија се претвори од шампион во најголема пречка на нашата европска иднина, за неколку седмици во 2019 година, земајќи го проширувањето како заложник на прашањата за историјата и идентитетот и целосно отфрлувајќи го Договорот за пријателство потпишан две години претходно. „Не треба да дозволиме легитимизација на македонизмот, на идеологиите од поранешна Југославија и Коминтерната, да најдат место во ЕУ“, рече бугарскиот претседател Румен Радев во мај минатата година. Неговите зборови го повторуваат злогласниот едиторијал на руската државна новинска агенција, во која се наведува дека „украинизмот е вештачка антируска конструкција“. Навистина, постојат неверојатни сличности меѓу наративот на Путин за Украина и официјалниот наратив на Бугарија за етничките Македонци. Вештачки народи, грешки на историјата, создадени од Ленин, односно Тито, тврдат Москва и Софија. Украина е руска земја, додека Северна Македонија е бугарска. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот (Бугарија поднесе еднострана декларација за тоа во Брисел), додека украинскиот е дијалект на рускиот. Правата на Русите/Бугарите се загрозени и тие мора да бидат запишани во нивните устави – вели Димитров.

    Според Димитров, пакетот одлуки и документи што навидум ги отклучија преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ минатата година, не ги решија, туку ги увезоа прашањата на историјата и идентитетот во процес што треба да се однесува за демократски и економски реформи.

    – Дури и ако Северна Македонија успее да го измени својот Устав, нејзиниот напредок кон членството во ЕУ нема да се однесува само на владеењето на правото, демократијата и другите европски стандарди, туку динамиката ќе зависи од тоа дали историчарите се согласуваат со нивните бугарски колеги. За првпат во историјата на проширувањето, Европската комисија ќе известува за историско поврзани прашања. Ова ризикува целосно да го заобиколи процесот на пристапување и поставува опасен преседан. Со предавање на најнационалистичките барања на поединечна земја-членка, ЕУ може да ги охрабри другите да го направат истото. Имајќи предвид дека постојат малцинства и билатерални прашања меѓу сите аспиранти и нивните соседи во ЕУ, преседанот ја отвора Пандорината кутија којашто се заканува да го закопа целиот процес на проширување – предупредува Димитров.

    Поранешниот шеф на македонската дипломатија смета дека резултат од сето тоа ќе биде сè поголема стагнација, повеќе фрустрации и потенцијал за постојана политичка криза во Северна Македонија.

    – Една неодамнешна анкета покажува дека 65 отсто од граѓаните сметаат дека односот на ЕУ е неправеден и изнудувачки, при што оние кои веруваат дека земјата ќе ѝ се приклучи во следните пет години, падна на 12 отсто. Етничките Македонци се навредени и од 42 отсто граѓани кои што сметаат дека земјата има надворешна закана, 27,6 отсто ја гледаат Бугарија на врвот на листата, а потоа следи Русија со 4 отсто. Ќе биде потребно политичко лидерство и во главните градови и во ЕУ за да се надмине моменталната негативна состојба и да се најде позитивен излез заснован на меѓусебно почитување, интегритет на процесот на пристапување и прифаќање на правото на етничките Македонци на самоизразување од страна на Софија. Затоа што, добрососедските односи се двонасочна улица – вели Димитров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img