More

    Демонстрантите ќе преспијат во шатори пред Собранието

    spot_img

    Не за францускиот предлог и за ултиматуми, не за менување историја и на учебници, се дел од пораките од протестниот марш под мотото „Ултиматум, не благодарам“ што вечерва заврши пред Собранието на Република Северна Македонија.

    Пред Парламентот некои од учесниците во протестот поставија шатори и најавија дека ноќта ќе ја поминат таму.

    Утре протестот против францускиот предлог наместо во 19 часот, ќе започне порано, пред седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог.

    Од Левица соопштија дека нивните активисти кои досега кампуваа пред Влада, утре се селат пред Собранието. Од партијата ги повикаа граѓаните утре во 12 часот да дојдат пред Собранието.

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во говорот пред Собрание, пак, повикаа граѓаните утре да се соберат пред Парламентот во 13 и 30.

    Утре во посета на земјава доаѓа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа претпладне ќе има средби со државниот врв. Седницата на која ќе се обрати Фон дер Лајен е закажана за 13 часот, а половина час подоцна треба да почне седницата на која ќе се расправа за предлогот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img