More

    Демонстрантите ја запалија шведската амбасада во Багдад

    spot_img

    Стотици демонстранти упаднаа во шведската амбасада во Багдад во четвртокот рано наутро и ја запалија, објави Ројтерс.Извор на агенцијата рече дека нема повредени вработени во амбасадата, а официјални лица од шведската амбасада во Багдад допрва треба да го коментираат инцидентот.

    Протестот беше организиран од приврзаниците на шиитскиот свештеник Муктада Садр пред очекуваното палење на муслиманската света книга Куранот во Шведска. Се посочува дека ваквите работи во минатото доведоа до големи протести и осуди во земјите со мнозинско муслиманско население.

    Некои видеа покажуваат чад што се издига од зграда во комплексот на амбасадата. Ројтерс истакнува дека не можеле самостојно да ја потврдат автентичноста на видеото.

    Исто така, се уште не е познато дали имало некој во амбасадата во моментот на нападот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img