More

    Дел од бугарските граѓани пеат „соросоиди“ и „фашисти“ обраќајќи им се на друга група граѓани кои им одговараат со „Црвено ѓубре“ пред споменикот на Црвената армија во Софија

    spot_img

    Дел од бугарските граѓани пеат „соросоиди“ и „фашисти“ обраќајќи им се на друга група граѓани кои им одговараат со „Црвено ѓубре“ пред споменикот на Црвената армија во Софија. Големиот споменик штотуку почна да се руши, напишаа бугарските медиуми, а реакции пристигнуваат од многу партии во Бугарија.

    Демонстрантите кои го блокираа мостот Орел набргу се разотидоа.

    На видеото поставено на социјалните мрежи се гледа како кран е поставен крај споменикот. Стручните анализи покажеле дека споменикот има расцеп по целата должина и дека е опасност за граѓаните.

    „Ние не отстрануваме само споменик, туку ја враќаме можноста историјата да ја толкуваме низ наша призма, наместо низ руската пропаганда“, коментираше на социјалните мрежи пратеникот Ивајло Мирчев од „Демократска Бугарија“.

    Пред да започне рушењето приврзаниците на бугарската левица предводени од Маја Манолова, Вазраждане, БСП и русофили се обидуваа физички да ги запрат работниците и опремата, но во на крајот тие го кренаа својот шаторски камп.

    Георги Свиленски од Бугарската социјалистичка партија БСП пред новинарите изјави дека тој и неговите колеги биле претходно денеска, околу 11 часот, пред Споменикот на советската армија, откако биле информирани дека се одвиваат некои акции, јавува БГНЕС.

    – Заменик-регионалниот гувернер беше од внатрешната страна на оградата, ние однадвор. Полицијата ни помогна да стигнеме до оградата и преку влезот, каде што влеговме минатиот пат. Заменик регионалниот гувернер рече дека ние немаме право да влеземе, само тој има право на пристап – објасни тој.

    Според Свиленски, директор на дирекција во подрачната управа се фрлил на оградата, а таа паднала врз него.

    – Оградата ми ја повреди раката. Повредата не е сериозна – полесна повреда. Поднесов пријава во полиција, извадив медицински, отсега ова за мене непознато лице, во полиција, претпоставувам, е познато, ќе ги сноси соодветните одговорности – рече пратеникот на БСП.

    Лидерката на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова во парламентот нагласи дека е погазено правото на слобода и мислење.

    – Со уништување споменици ја уништувате историјата – рече Нинова и обзнани дека едно лице од нејзината партија завршило во болница со исечена рака, мислејќи на Свиленски.

    На местото на настанот пристигна и пратеникот од „Вазраждане“ Ивајло Чорбов, кој изрази несогласување со демонтирањето на споменикот.

    – Ние ја негираме нашата историја и ја бришеме – рече тој.

    Свиленски смета дека 8% е довербата во бугарскиот парламент, 80% од бугарските граѓани не сакаат демонтирање на ниту еден споменик. Тој повика на секојдневни протести.

    – Не само Лукоил, не само Шенген, не само еврозоната се важни за Бугарија. Нам ни е важна историската меморија, спомениците, историјата, а Бугарите тоа го ценат и почитуваат“, рече Свиленски, нагласувајќи дека државата е на бугарските граѓани, „не е на Борисов, ниту на Пеевски, ниту на Кирил Петков, ниту на Христо Иванов“…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img