More

    Дали знаете кој ја носел најскапата венчаница на светот?

    spot_img

    Дали знаете кој ја носел најскапата венчаница на светот? Не, не е некоја членка на кралските семјества, а одговорот ќе ве изненади!

    Некои од ѕвездите за венчавките бираат вонвременски креации од кои нема да им биде срам доколку по неколку децении ги гледаат фотографиите, некои сакаат да кажат „да“ во повпечатливи венчаници, а други венчаницата ја бираат според цената.

    Сепак, да бидеме искрени, што може да има венчаница од неколку милиони долари и колку може да биде посебна за да ја надмине некоја која чини многу помалку, а исто така ја потпишува славен бренд.

    Најскапата венчаница чинела 3,5 милиони долари, дали знаете кој ја носел?

     

    Доколку мислите дека станува збор за некој припадник на кралското семејство, како на пример Кејт Мидлтон или Меган Маркл или најекстравагантната реалити ѕвезда Ким Кардашијан, тогаш се лажете.

    Најскапата венчаница на светот ја носела најдобрата спортистка на сите времиња, тенисерката Серена Вилијамс. Овој раскошен фустан го дизајнирала Сара Бартон за модната куќа „Александер Меквин“.

    Серена, чие богатство се проценува на 260 милиони долари, не ги жалела парите кога во 2017 година се венчала за основачот на социјалната мрежа Редит, Алексис Охани, па така без многу да размислува одвоила околу 1 отсто од своето вкупно богатство за венчаницата.

     

     

    Фотографиите од таа креација се појавиле на сите светски медиуми, моделот е класичен, со долг вел, а се смета за една од најскапите венчаници кои некогаш биле видени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img