More

    Дали сакате да заштедите на греење? Темелно исчистете ги радијаторите

    spot_img

    Прашината што се собира на радијаторите со недели или месеци го намалува ширењето на топлината, а тоа истовремено ги зголемува трошоците за греење.

    Имајќи предвид дека цените на енергијата растат, би било паметно да се вклучат радијаторите во неделното чистење. Би било добро да ги исчистите темелно пред да го вклучите парното за прв пат во сезоната, а потоа редовно да ја бришете прашината во текот на зимата, препорачува здружението на германски производители на средства за хигиена.

    Доколку страдате од алергии, дополнително позитивно дејство ќе има чистењето на радијаторот. Радијаторите предизвикуваат проток на воздух, односно креваат честички од нечистотија и прашина во воздухот, а тие можат да завршат во респираторниот тракт или во очите.

    Пред да почнете да ги чистите радијаторите, под него ставете крпа или весник на кој ќе паднат грутки прашина или мртви инсекти. Четка долга 30-40 сантиметри ќе биде доволна за многу радијатори. Може да се користи за чистење на просторот зад уредот и помеѓу „ребрата“.

    Повеќето од денешните правосмукалки имаат посебен додаток за радијатори.

    Откако ќе ја отстраните прашината, пребришете го пристапниот дел од радијаторот со вода и со некое сенаменско средство за чистење, но не користете сунѓери со груба површина, бидејќи тоа може да го оштети лакот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img