More

    Чудните објекти на небото на САД би можеле да бидат голем проблем

    spot_img

    Минатиот месец, американската канцеларија на директорот на националното разузнавање објави извештај за „неидентификувани воздушни феномени“ или, во едноставни термини, неидентификувани летечки објекти.На 4 февруари американската војска собори кинески шпионски балон (Пекинг рече дека тоа е метеоролошки балон), а во петокот и саботата беа соборени уште два неидентификувани летечки објекти во американскиот и канадскиот воздушен простор. Лидерот на американскиот Сенат Чак Шумер изјави дека најверојатно станува збор и за балони, пишува Си-Ен-Ен.

    Во неделата американската војска собори четврти летечки објект, овој пат над езерото Хјурон во државата Мичиген.

    Во светлината на овие настани, важно е да се проучи разузнавачки извештај кој може да одговори на некои прашања.

    Извештајот е изненадувачки: бројот на пријавени забележани НЛО значително се зголеми помеѓу март 2021 и август 2022 година, речиси двојно во споредба со 17-годишниот период помеѓу 2004 и 2021 година.

    Во извештајот се наведува дека зголемувањето на видувањата може да се објасни со намалување на стигмата околу таквите ситуации, а Пентагон активно ги охрабрува војниците да пријават каква било „аномалија“ што ќе ја забележат на небото.

    Во јули минатата година, Пентагон формираше ново тело – Канцеларија за решавање на аномалии на сите домени, односно канцеларија за истрага на веродостојни забележани НЛО од страна на американската војска и разузнавачката заедница. Со ова Конгресот и Пентагон се обидуваат да разберат зошто во претходните две децении се забележани над петстотини убедливи сведоштва за НЛО.

    „Невообичаени карактеристики и перформанси на летот“
    Голем број сведоштва, од кои 163, биле за балони или „тела слични на балон“, додека 26 случаи биле за дронови. Непознат број сведоштва се припишуваат на „неправилности или отстапувања како што се грешки во опремата“.

    Но, нема објаснување за 171 сведоштво, а некои од овие објекти „покажале необични карактеристики и перформанси на летот“.

    Извештајот, исто така, истакна дека видувањата „продолжуваат да се случуваат во ограничен или чувствителен воздушен простор, што предизвикува загриженост за безбедноста на летот“. Исто така, се додава дека видувањата би можеле да дадат навестување дека станува збор за „активност на собирање податоци од страна на непријателот“, односно дека НЛО видени околу чувствителни инсталации на американската војска може да укажат дека САД се шпионирани од странска сила.

    Има уште многу да се научи за тие 171 сведоштво за кои се уште нема добро објаснување. Дали овие тела се доказ дека странска сила ја тестира воздушната одбрана на Америка? Или тоа се безопасни појави, балони кои залутале?

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img