More

    Четвртина милион домови во Киев се без струја, луѓето чекаат во редици за вода

    spot_img

    Во Украина, по рускиот напад во понеделникот на клучната инфраструктура, прекините на електричната енергија се вообичаени како и недостигот на вода.Украинскиот генерал Валериј Залужњи на Телеграм напиша дека Русија истрелала 55 ракети и десетици други проектили врз цивилни цели низ целата земја, неколку дена откако ја обвини Украина за напад со беспилотно летало во Црното Море.

    Во вторникот рано наутро, претседателскиот советник Олексиј Арестович го нарече ракетниот напад „еден од најголемите напади на Руската Федерација на наша територија“. Сепак, тој додаде дека благодарение на подобрената воздушна одбрана, штетата не била толку критична како што можеше да биде.

    Иако украинската војска објави дека многу од ракетите се соборени, премиерот Денис Шмигал рече дека нападите предизвикале прекин на електричната енергија во стотици области низ Украина.

    Неколку експлозии одекнаа низ главниот град Киев. Градоначалникот на тој град Виталиј Кличко во понеделникот изјави дека околу 40 отсто од населението останало без вода, додека околу 270.000 домови се без струја, пишува Гардијан.

    На запад од Киев, новинар на АФП беше сведок на околу сто луѓе кои чекаа ред за вода со пластични шишиња и контејнери. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша: „Наместо да се бори на бојното поле, Русија се бори против цивилите“.

    Украина ќе се обиде да ја поправи инфраструктурата со опрема донирана од 12 земји, рече Кулеба.

    Русија ги потврди ракетните напади и дека ги постигнале своите цели.

    Молдавската влада објави дека соборена руска ракета паднала во селото Наславчеа на северот на земјата. Немаше жртви или штети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img