More

    Четириесетгодишен државјанин на Македонија предизвика сообраќајна несреќа во населбата Мирковци во Винковци, Хрватска, кога камионот кој го управувал влетал во семејна куќа

    spot_img

    Четириесетгодишен државјанин на Македонија предизвика сообраќајна несреќа во населбата Мирковци во Винковци, Хрватска, кога камионот кој го управувал влетал во семејна куќа, потврди денеска полицијата по истрагата.

    Во незгодата со полесни повреди се здобиле возачот на камионот и 14-годишно девојче кое било во куќата, во просторијата во која влегла целата кабина на камионот, пишува Јутарњи лист.

    Лекарска помош им била укажана во болницата во Винковци. Од очевидци било утврдено дека околу 6 часот и 20 минути утринава возачот на камион со полуприколка со словенечки регистрации, 40-годишен државјанин на Македонија, не се движел среде обележаната сообраќајна лента на улица Бранка Радичевиќ во Мирковци.

    Возилото се движело лево, ја преминало левата сообраќајна лента и насипот, слетало на зелена површина и удрило во пумпната станица за отпадни води и ормар за електрична инсталација, потоа во оградата од семејниот дом на 86-годишната жена и во ѕидот на семејниот дом на 43-годишната жена.

    Од силината на ударот камионот го пробил ѕидот од семејната куќа. Во тој момент во собата од куќата каде што се урнал ѕидот била малолетничката, соопшти полицијата по истрагата.

    Четиринаесетгодишното девојче се здобило со расекотина на главата, која била сошиена во Општа жупаниска болница во Винковци, а тоа е задржано во болница за да и се направи контролен ултразвук на абдоменот поради потенцијална повреда на слезината. Возачот се здобил со фрактура на носната коска, но не сакал да остане во болница.

    Со извршениот алкотест не е утврдено присуство на алкохол во телото на возачот на камионот. Поради прекршокот што ја предизвика сообраќајната незгода во која има повредени, на возачот му е доставена прекршочна наредба, соопшти полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img