More

    Чеси снимале во воени тунели кај Берат Албанија,полицијата ги упасила

    spot_img

    По инцидентот во воениот објект во Грамш, кога беа уапсени двајца руски и еден украински државјанин, кај воен објект во Пулиќан, Берат, уапсени се чешки државјани, кои исто така се сомничат за шпионажа.

    Тие си приведени откако со оштетување на влезна врата влегле во објектот, шетале низ тунелите и фотографирале и снимале.

    Во официјалното соопштение на албанското Министерство за одбрана се наведува дека е интервенирано откако е забележано движење на неидентификувани лица околу и во објектот.

    – Уапсени се четворица чешки државјани, двајца мажи и две жени. Мажите влегле во еден од тунелите, кои се функционални меѓу себе, со кршење на влезната врата, снимале и фотографирале. Воената полиција во соработка со државната полиција веднаш ги изолира влезовите во тунелите, што речиси сите се меѓусебно поврзани, а по извршената контрола привеле двајца чешки државјани – се наведува во соопштението.

    Исто така се додава дека надвор од објектот биле затекнати и приведени двете чешки државјанки, кои исто така фотографирале.

    Според првичните информации, Чесите влегле во тунелот во кој се наоѓале машини за производство на делови за противвоздушна опрема.

    АБЦ њуз објави фотографии од апсењето и од внатрешноста на тунелите, а сите медиуми без исклучок наведуваат дека ова е втор случај за 24 часа на откривање странци „ опасни по националната безбедност“ и апсење под сомнение за шпионажа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img