More

    Чешка за прв пат испраќа амбасадор на Косово

    spot_img

    По 15 години од признавањето на независноста на Косово, Чешка за прв пат испраќа амбасадор во Приштина, што досега беше блокирано од двајцата претходни претседатели на Чешка, Вацлав Клаус и Милош Земан.

    Претседателот на Чешката Република Петр Павел назначи 26 нови амбасадори на Чешка во светот, меѓу кои и Бохумил Мазанек на Косово, соопшти чешкото Министерство за надворешни работи.

    Мазанек е еден од чешките дипломати од кариера со диплома од Државниот институт за меѓународни односи во Москва, а досега беше амбасадор на Чешка во Литванија, вршител на работите во Тајланд и генерален конзул во Шангај, Кина и Катовице, Полска.

    „Министерството долгорочно се залага дипломатските односи со Косово да бидат на највисоко ниво, бидејќи е неопходно да се исправи апсурдната работа дека Чешка ја признава независноста на Косово, има амбасада во земјата, но нема амбасадор“, изјави портпаролот на чешкото Министерство за надворешни работи, Даниел Дрејк.

    Парадокс е и тоа што претставник на Европската унија во Приштина е чешкиот дипломат Томаш Шуњог.

    Досега, Чешка имаше само вршител на должност во амбасадата во Приштина, бидејќи и Вацлав Клаус и Милош Земан беа жестоки противници на одлуката на владата на тогашниот премиер Мирек Тополанек во мај 2008 година да ја признае еднострано прогласената независност на Косово, и покрај силните протести на опозицијата и централнодесничарските поделби.

    „Јас ги сакам Србија и Србите, не го сакам Косово. Земјата на чело со воени злосторници не припаѓа на заедницата на демократски држави“, изјави тогашниот претседател на Чешка, Земан, за време на неговата посета на Белград во 2019 година.

    Вацлав Клаус многупати го критикуваше признавањето, но рече и дека поради тоа нема да оди на барикади, додека Земан во Србија поттикна надежи дека Чешка може да го повлече признавањето на Косово, иако однапред беше јасно дека тоа е неуспешен обид бидејќи владата, тогашниот премиер Андреј Бабиш, но и мнозинството од опозицијата беа против тоа.

    И Клаус и Земан постојано го блокираа секој обид за испраќање амбасадор во амбасадата во Приштина наместо вршител на должност за чие именување не е потребна согласност од шефот на државата, а амбасадорот сега е именуван само од нивниот наследник на чело на Чешката Република, Петр Павел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img