More

    Чави: Победа вредна злато

    spot_img

    Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, победата од 1-0 над Атлетик Билбао ја опиша како една од најважните во сезоната. Каталонците победија на Сан Мамеш со гол на Рафиња за да ја задржат предноста од девет бода во однос на Реал Мадрид пред нивниот дуел следниот викенд.

    „Истото се случува. Поведуваме на стадион на кој е тешко да се игра и потоа мора да се браниме и да бидеме трпеливи. Нормално е, но сакам повеќе да напаѓаме“, призна Чави.

    „Ова е победа вредна злато. Ја задржавме предноста од девет поени. Полни со самодоверба пристапуваме кон следното Ел Класико. Денеска заслуживме да победиме, имавме 2-3 чисти шанси, но не можевме да го затвориме натпреварот. Важно е да делуваме мирно дефанзивно, но истото мора да го правиме и кога напаѓаме“, изјави поранешниот играч за врска на Каталонците.

    „Задоволен сум од ситуацијата во која се наоѓаме во моментов. Девет бодови пред актуелниот шампион и освојувач на Лигата на шампионите не се малку“, додаде Чави.

    Барселона победи на девет од последните 10 натпревари во Ла Лига. Интересно е и тоа што „блауграните“ победија девет пати со резултат 1:0 (!), што досега не се случило во историјата на клубот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img