More

    Бугарското МНР ја коментираше одлуката за името на клубот „Ванчо Михајлов“

    spot_img

    „Министерството за надворешни работи со зголемена загриженост ги следи случувањата во Северна Македонија поврзани со обидите за ограничување на правото на здружување на Бугарите во земјата“.

    Вака го коментираше бугарското МНР одлуката на македонското министерство за правда да издаде негативно мислење за употребата на името на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во Битола поради тоа што се асоцира со фашизмот и е провокативно, јавува БГНЕС.

    „МНР потсетува дека во 2009 година Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против Северна Македонија за повреда на чл. 11 од ЕКЧП (право на здружување). Во одлуката на судот се наведува дека името на здружението „Радко“ (псевдоним на Иван Михаилов) само по себе не може да се земе како ризик и закана за јавниот ред“, се вели во соопштението.

    „Одлуките што денеска ги донесоа властите во Северна Македонија се директно поврзани со степенот на демократизација во земјата. Тие се во спротивност со заложбите на Скопје во областа на човековите права и обврската да обезбеди еднакви права и слободи за сите граѓани, вклучително за оние кои се дефинираат како Бугари“, се додава.

    Бугарското МНР вели дека ќе го следи спроведувањето на обврската, која Македонија, како што велат, „ја презеде за да обезбеди ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во земјата“.

    Во соопштението се потсетува и дека оваа обврска Македонија ја презела при потпишување на Записникот од состанокот на Мешовитата меѓувладина комисија потпишан на 17 јули 2022 година, формиран врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img