More

    Британците се почесто ги напуштаат домашните миленици поради зголемените животни трошоци

    spot_img

    Женката црна англиски кокер шпаниел, Хариет, била напуштена поради продлабочувањето на кризата поради зголемените трошоци за живот, што принудува се повеќе Британци да се разделат со своите миленици, пишува Ројтерс.

    Хариет била пронајдена како трча по прометниот пат во Лондон, а сведоците виделе дека нејзините сопственици ја исфрлаат од автомобилот.

    Таа е една од 206 кучиња и 164 мачки кои моментално се згрижени во центрите за посвојување управувани од Battersea Animal Charity.

    Слична е приказната и во другите центри низ земјата – некои забележаа рекорден број на враќања на кучиња и мачки – бидејќи најголемото притисок врз животниот стандард од 1960-тите принудува многу сопственици да се откажат од своите миленици.

    „Загрижени сме дека ова ќе биде се почеста причина луѓето да ги носат своите кучиња во Батерси“, изјави за Ројтерс Стив Кредок, кој раководи со центарот во југозападен Лондон.

    Егзотичните миленичиња како змии и гуштери исто така се покажаа прескапи поради потребата од посебно греење и осветлување.

    Три змии, вклучително и боа констриктор од 2,4 метри, неодамна беа оставени во навлаки за перници пред продавница за рептили, изјави за Ројтерс Кралското друштво за спречување на суровост кон животните (RSPCA).

    Догс Траст, кој моментално се грижи за 692 кучиња во 21 центар низ Велика Британија, рече дека последен пат слична ситуација била забележана по финансиската криза во 2008 година.

    „Оваа криза на трошоците за живот нè навлезе многу побрзо отколку што луѓето некогаш очекуваа“, рече директорот на Dogs Trust, Адам Клоус.

    Притисокот е таков што добротворната организација размислува дали да го прошири фондот за итни случаи, вообичаено резервиран за луѓе на социјална помош на кои им е потребна краткорочна финансиска поддршка за чување миленичиња, на оние со среден приход.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img