More

    Брет Пит проговори откако неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли го обвини дека ги „давел и тепал нивните деца за време на расправијата што избила во авионот“

    spot_img

    Брет Пит проговори откако неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли го обвини дека ги „давел и тепал нивните деца за време на расправијата што избила во авионот“.

    Портпаролот на Пит изјави за „Си-ен-ен“ дека најновите наводи на Џоли „се целосно лажни и дека Анџелина користи лаги за да ги сврти децата и јавноста против нивниот татко“.

    Да потсетиме, тужбата што во вторникот ја поднесоа адвокатите на познатата актерка во Лос Анџелес содржи наводи за расправија во авионот на 14 септември 2016 година, што наводно довела до поднесување барање за развод неколку дена подоцна.

    „Кога едно од децата вербално ја бранеше Џоли, Пит му се нафрли на сопственото дете, а Џоли го фати одзади за да го спречи. Пит ја фрли наназад на седиштето на авионот повредувајќи ѝ ги грбот и лактот на Џоли“, стои во списите доставени до судот и следува:

    „Децата втурнаа внатре и сите храбро се обидоа да се заштитат едни со други. Пред да заврши, Пит го давеше едното од децата и удираше друго во лицето. Некои од децата го молеа Пит да престане. Сите беа преплашени“.

    Покрај тоа, се вели дека во текот на „многуте напнати часови“ од летот, Пит „повремено излегувал од задниот дел на авионот за да им вика и да ги пцуе“ и „во еден момент ја полеал Џоли со пиво, а во друг ги полеал децата со пиво и црвено вино.“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img