More

    Братот на Никола Којо загина од удар од коњ

    spot_img

    Владимир Којо, братот на славниот спрски актер Никола Којо, трагично настрадал на хиподром на 59-годишна возраст, ја пренесоа трагичната вест српските медиуми.

    Тој бил тешко повреден, кога на хиподромот каде што со години работел го удрил коњ. По неколкудневна кома, Владимир им подлегнал на повредите.

    – Во нашиот клуб беше тренер 7 години, а последната година не беше бидејќи ги повлеков коњите од хиподромот, поради лошите услови таму, за жал. Владимир има два коња таму, галопери. Владимир работеше таму во Белград, на хиподромот. Овој случај, тоа што му се случи, се случува еднаш во две милијарди случаи. Излегол да запре коњ што го фрлил својот јавач и коњот со полн галоп налетал на него. Значи, директен судир… Никој не е виновен, ниту коњот, ниту тој… Не ми се верува дека ова се случи. Едноставно не се видоа. Ниту коњот него го виде, ниту тој коњот. Како кога човек ќе падне од тротинет и ќе умре, значи, се случи нешто неверојатно. Тоа е коњ што тој го тренираше, значи тоа е негов коњ – рекол за „Телеграф.рс“ Владан Дамјановиќ, сопственикот на коњичкиот клуб „Ластин пут“.

    Семејството и пријателите денеска за последен пат му кажаа збогум на Владимир. Никола и претходно со емотивна порака се прости од својот брат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img