More

    Братот на Мел Гибсон му порача дека го мрази

    spot_img

    Донал Гибсон (65) е помладиот и помалку познат брат на Мел Гибсон (67). Двајцата претходно биле неразделни. Мел му доделил улога на Донал во „Храбро срце“ и го охрабрил да ги оствари своите холивудски соништа, но со текот на времето нивниот однос се влошил.

    „Мел и јас бевме толку блиски што е неверојатно дека сега не разговараме, дека не сме во контакт. Кога бевме деца, делевме спална соба, сè правевме заедно. Кога дојде во Лос Анџелес, го следев. Кога стана познат, немаше љубомора. Бев среќен поради него, горд што успеа“, рекол Донал во интервју за „Дејли мејл“.

    „Славата го промени. Го понесе публицитетот. Мел што го знаев го нема. Холивуд го изеде и го исплука. Според мене, славата и парите отидоа во неговата глава и создадоа чудовиште. Го мразам тоа што го стана.“ беше остар со зборовите помладиот Гибсон.

    Донал не е толку познат актер како Мел и тврди дека неговата кариера престанала да напредува затоа што луѓето го ставиле на црна листа поради „гревовите“ што ги направил неговиот брат. Вели и дека повеќе пати барал од Мела да му помогне финансиски.

    „Твоите проблеми се твои проблеми“, тврди Донал дека Мел му рекол тогаш.

    Секогаш кога ќе барал пари од брат му, тој се лутел. „Тој ми викаше, ми велеше да го сменам презимето Гибсон ако ми пречи. Викаше: ‘Не можеш да ме обвиниш за ова!’”, вели Донал.

    Меѓутоа, Мел еднаш му помогнал финансиски и му понудил мал семеен стан во кој би можел да живее, но, тој смета дека брат му требало да му надомести за, како што вели, болката и страдањето што ги преживеал тој и неговата сопруга Шанас.

    „Заглавени сме во речиси 20 години пекол“, вели Донал.

    Сепак, тој самиот не е сигурен дали би успеал да стане познат актер како неговиот брат.

    „Верувам дека постапките на Мел придонесоа да немам работа. Презимето Гибсон беше отровно. Мојот агент даде отказ, телефонот престана да ѕвони. Луѓето го поврзуваа името Гибсон со фанатизам, расизам, суровост, омраза и гнев. Работев со одлични студија, како „Ворнер брадерс“ и „Дизни“. Преку ноќ тоа престана“, рекол тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img