More

    Болоња е „највкусниот“ град на светот

    spot_img

    Многумина ја сметаат Италија за вистинското гурманско средиште. И, додека Италијанците, во зависност од градот каде што живеат, би се заколнале дека нивното место е центар на највкусните задоволства, се чини дека еден град во оваа земја сепак е пред останатите.

    Болоња е главен град на италијанскиот округ Емилија-Ромања. Нарекувана е гастрономски рај на Земјата. Оттука потекнуваат пармезанот, мортаделата, пршутата од Парма и ацето балсамико.

    Во Болоња првпат се направени лазањите, болоњските тортелини и шпагетите „болоњезе“. Готвачите овде се посветени на најдобрите можни состојки, одгледани или произведени во оваа област, сезонски, како и оние произведени со што е можно помало човечко влијание.

    И, додека многумина брзаат во други италијански градови – Рим, Милано, Венеција, Болоња честопати е потценета. Тоа го покажува и податокот дека во 2019 година забележал бледи 1,5 милиони посетители, додека гореспоменатите градови привлекуваат над 10 милиони луѓе годишно.

    Помалиот број посетители е она што ја прави посебна атмосферата во овој град, како и односот кон туристите. Имено, рестораните секогаш се трудат да го дадат својот максимум за да им угодат на своите гости.

    Сѐ ова можеби придонесе Болоња да биде „повкусна“ од сите други градови во светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img