More

    Боки-13 за најавата дека ќе се проценува неговата брендирана стока

    spot_img

    Во врска соопштението од Агенцијата за одземен имот, поврзано за одземената гардероба и друга брендирана стока во предметот Рекет, осудениот Бојан Јовановски прашува јавно зошто сега е потребно вештачење и проценка, после четири години.

    Во текот на судењето за никогаш недокажаниот случај “Рекет” многу пати јас и мојот бранител Сашко Дукоски адвокат од Скопје, истакнувавме барање за вештачење на одземената гардероба, чевли, чанти, накит, очила, часовници, уметнички слики, лустери, фотелји и гарнитури за седење, истото тоа го наведовме и пред Апелациониот суд во жалбената постапка, за истото тоа пишувавме и пред Врховниот суд во барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, но сè беше залудно.

    Дали доколку се изврши вештачење и проценка после 4 години, агенцијата со истото сака да ми помогне па вештачењето и проценката да ми бидат основ за повторување на постапката и одново процнување на Рекет? Па ви благодарам многу другари, направете го што побрзо, иако однапред знам дека давате само голи соопштенија, а дека вештачење и проценка никогаш нема да направите, бидејќи не ви одговора, бидејќи веќе и немате што да вештачите, дотолку повеќе што главната поента зошто молците и глувците ќе останат гладни е токму тоа, што одземената гардероба и друга брендирана стока е дрско испокрадена и заменета со други парчиња слични на одземената брендирана стока!!! Само си се прашувам: чии ли нечисти раце ми ги носат чантите? Чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите? Чии ли проклети очи ги скриваат моите очила? И кој ли си го мери времето до зад решетки со моите часовници?!?!

    Веќе еднаш кажав, но за да повторам уште еднаш, ако дојде денот бесправно одземеното да ми биде вратено, јас не го сакам и ќе го донирам, но за жал до тоа нема да дојде бидејќи лоповите си го донираа одземеното пред време.

    И сосема за крај, Вилма ти порачувам дека ќе одговараш за сите злодела кои ги имаш направено, меѓудругото и за овој криминал со одземената гардероба и брендирана стока, бидејќи ти си директно одговорна заедно со твоите помошнички судијки Васка Масевска- Наумовска и Софче Гаврилова-Ефремова и ти тврдам дека ќе дојдеш зад решетки, бидејќи суспендирањето за тебе е награда а не казна, за тебе вистинската казна ти следува со процесот “Бумеранг”!!!

    Барем уметничките слики предадете ги во некој од уметничките музеи на Македонија, барем тоа добро направете го, ако веќе и тие не висат на нечии крвави ѕидови!“ – пишува Бојан Јовановски Боки-13.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img