More

    Богатите Руси пробуваат да побегнат дури имаат време

    spot_img

    Партизански одреди се формираат меѓу Украинците кои уште живеат на Крим, со надеж дека кога ќе дојде големата офанзива островот ќе биде вратен во рацете на Киев, пишува Политико. Истовремено, богатите Руси кои имаат вили и имоти на полуостровот пробуваат да се ослободат од нив иако тоа тешко им оди. Офицерите кои со своите фамилии живеат таму ги селат жените и децата во Русија. Со еден збор, сите се спремаат за најлошото.

    Еден работник во ИТ индустријата изјави дека Русите кои живеат на Крим се многу нервозни бидејќи знаат дека Русија ја губи војната. Тие наводно бараат проукраински симпатизери поради страв дека Украинците ќе удрат на нив.

    –   Поради санкциите, многу луѓе останаа без работа, цените на сè, особено на храната, вртоглаво пораснаа и нема многу избор. Ако порано заработувавте 1.000 долари месечно, сега ви требаат околу 3.000 долари за да бидете таму каде што сте биле. и како ќе го направите тоа кога туристичката индустрија е мртва – вели тој.

    Лекар кој работи во болница на Крим за споменатиот портал открил дека место буквално нема за граѓаните бидејќи капацитетите се исполнети со ранетите Руси кои секојдневно пристигнуваат од фронтот.

    Еден банкар истакнал дека сè повеќе се формираат „партиски ќелии“. Тој рече дека луѓето имаат договор со началникот на локалната полиција, кој е свесен дека Русија ја губи војната. Според банкарот, тој е загрижен и наводно им го дал клучот од магацинот за оружје во полициската станица за да го користат членовите на партизанските одреди, а тие му ветиле дека ќе се заложат за него кога ќе стигне украинската офанзива.

    Украина повеќе пати досега нагласи дека планира да го врати Крим, но прецизен датум за можната офанзива уште нема. Тамила Ташева, претставничката на украинскиот претседател Володимир Зеленски за Крим, изјави дека постојат големи шанси Украина да ја врати контролата врз оваа територија.

    –      –  Да, се разбира дека е можно да го вратиме Крим. Нашата цел е враќање на целата наша територија, која секако го вклучува Крим  – рече таа.

    Таа посочи дека би сакала Крим да се врати на мирен, дипломатски начин, но дека сепак единственото решение би можело да биде воен пат. Таа откри дека луѓето почнале да се обединуваат во антивоени партизански одреди.

    – Ситуацијата сега е многу поинаква во споредба со 2014 година. Ние многу комуницираме со луѓето на Крим и тие се сè повеќе лути поради високите цени на храната и недостигот на лекови. Исто така, има зголемување на антивоените протести, особено од почетокот на мобилизацијата – додава таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img