Видео на кое се гледа како тинејџер од Битола се обидува да симне бугарско знаме поставено на бугарскиот културен центар во градот и паѓа стана вирален на социјалните мрежи, објави Експрес мк..
Момчето со намера да сними видео за Тик Ток на кое ќе го симне бругарското знаме се доближува до зградата на бугарскиот културен клуб кој до неодамна се викаше Ванчо Михајлов и се качува по олукот од зградата и кога мисли дека може да го дофати знамето се лизга и паѓа од височина од околу 2 метра.
За среќа во авантурата не се повредува.