More

    Бислимовски бара ЕСМ да го зголеми производството

    spot_img

    Кога во декември се носеше одлуката за цената на електричната енергија, за потрошувачка беа предидени 3.413 милијарди киловат часови, а сега се предвидува 3.946 милијарди киловат часови, изјави првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски во Топ Тема на телевизија Телма.

    – Јас се вчудоневидив од оваа бројка. 533.000.000 киловат часови се планира да се зголеми потребата на регулираниот пазар на електрична енергија. Тие треба да се обезбедат. Минатата година производството на ЕСМ беше лошо. За да ги задоволиме овие потреби ќе ни требаат дополнителни пари да предвидиме. Цената на ЕСМ е 43 евра за мегават час. Остануваат 333.000.000 да се обезбедат на слободен пазар. Вкупно непланирни 105.000.000 евра во кои учествуваат општините од приближно 30 милиони евра – изјави Бислимовски.

    Тој ја оцени ситуацијата е исклучително лоша и рече дека за да обезбеди стабилност на цената пред се за домаќинствата, аатоа ЕСМ „како знае и умее, мора да го зголеми сопственото производство и да да обезбеди 100 проценти од потребната електрична енергија на регулираниот пазар“.

    Претседателот на РКЕ вели дека ЕСМ во моментов озбедува цена по 41 евро за мегават час, додека пак истата на слободен пазар е околу 250 до 260 евра.

    – 40 проценти од регулираниот пазар ако отидат на слободен пазар, тоа ќе биде крах, распад. Тогаш ќе нема потреба одлуки да носи РКЕ – вели Бислимовски.

    Тој ги обвини општините дека се обидуваат да влијаат врз цената на електричната енергија и им порача да бидат инвентивни и да постават фотоволтаици на своите кровови.

    Бислимовски вели дека има компании кои прават фиктивен договор па се враќаат на нормалниот пазар, и за тоа биле известени УЈП, Пазарна инспекција и Финансиската полиција.

    – Сега кога ќе ја носиме одлуката нема да дозволиме овие непредвидени трошоци направени на начин во најмала рака некоректен, нема да удрат на грбот на домаќинствата. Не можеме да кажеме ќе формулираме разно разни начини за да се вратиме на регулиран пазар. Имаме проблем со домашното производство на електричната енергија и тој тренд трае од 2010 година – рече Бислимовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img