More

    Бил Гејтс стана дедо

    spot_img

    Бил Гејтс стана дедо. Ќерката на ко-основачот на „Мајкрософт“, Џенифер Гејтс, на социјалните мрежи објави дека се породила. Таа и нејзиниот сопруг Најел Насар станаа родители на девојче.

    „Испраќаме љубов од нашето здраво мало семејство“, напиша Џенифер покрај фотографијата од босите стапала на нејзината ќерка.

     

    Таа е во брак со Насар од 2021 година.

    Во ноември 2022 година, Џенифер откри дека е бремена и објави фотографии од својот труднички стомак. „Благодарна“, напиша тогаш со фотографија на која позира со сопругот.

    Џенифер и Насар се во брак од октомври 2021 година. Венчавката се одржа во Вестчестер. По повод првата годишнина, Џенифер му посвети емотивна објава на својот сопруг.

     

    „Пред 365 дена се обврзавме засекогаш. Нашата венчавка беше најнеземната, магична прослава, но да се биде во брак е уште подобро. Благодарни сме што можеме да ги оживееме овие спомени денес“, напиша таа.

    „Оваа година со тебе прелета, но она што ми носи најголема радост и утеха е тоа што знам дека имаме уште многу работи да проживееме заедно. Те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш“, напиша тогаш Насар.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img