More

    Без електрична енергија ќе останат неколку населби и села

    spot_img

    Од ЕВН Македонија информираат дека поради технички зафати во мрежата без електрична енергија утре ќе останат потрошувачи од делови на општините Аеродром, Арачиново, Ѓорче Петров, Илинден, Карпош, Кисела Вода и Сарај, се наведува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи во Скопје.

    „Од 08.30 до 12 часот без струја ќе бидат жителите од селата Мршевци, Ајватовци, Бујковци и Бунараџик од Општина Илинден и селото Грушино од општина Арачиново, од 08.30 до 16 часот потрошувачите од улицата Тодор Чангов, подулици 41, 43, 45 и 47 во Општина Аеродром, во општина Кисела Вода, од 9 до 13 часот дел од улицата Славка Динкова, од 9 до 14.30 часот дел од улицата 20 во село Сарај, Општина Сарај“, се појаснува во соопштението.

    Во општина Карпош, од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата Козле околу бројот 81, додека од 10 до 12.30 часот, зградата број 119 – влез трети на булеварот Партизански Одреди.

    „Во Општина Ѓорче Петров, во време од 10 до 13 часот, без струја ќе останат корисниците од улицата Лука Геров број 48, дел од влез 2“, се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img