More

    Бесими раскажува зошто се задолжува

    spot_img

    Сивата економија годишно ја чини државата колку автопатските делници на Коридорот 8 или на Коридорот 10-д, четири клинички центри, или реизградба на сите училишни згради во земјава. Доколку целиот формален сектор се формализира нема да има потреба од задолжување за финансирање на буџетот. Оттаму, Владата стратегиски пристапува кон решавањето на овој горлив проблем преку петгодишната Стратегија за формализација на неформалната економија изработена од страна на Министерството за финансии. Предвидено е едновремено јакнење на системот за сузбивање на сивата економија, како и подигнување на даночниот морал и свеста на граѓаните, посочува во својата најнова колумна министерот за финaнсии, Фатмир Бесими.

    – Неформалната економија е една од најголемите структурни пречки за конвергенција на земјите во развој со развиените економии. Тоа важи и за конвергенцијата на нашата економија со Европската Унија. Износот на даночните приходи со целосно формализирање на неформалниот сектор, без никаква промена во даночната политика, е еднаков на капиталните расходи во буџетот за годинава. Имено, иако е тешко да се измери, неформалната економија согласно одредени проценки изнесува околу 30% од бруто-домашниот производ на нашата земја. БДП за 2023 година е проценет на 14,4 милијарди евра, оттаму вредноста на неформалната економија би изнесувала околу 4,32 милијарди евра. Според груби пресметки, тоа значи дополнителни 795 милиони евра годишни приливи по основ на даночни приходи во буџетот – посочува Бесими и додава дека повисоката застапеност на неформалната економија е каракетристична за земјите во развој, како и дека во просек кај земјите од нашето окружување сивата економија исто така се движи околу 30% од БДП.

    Министерот за финансии истакнува дека за да се намали, неформалната економија треба да се направи неисплатлива, односно зголемување на ризикот од делување во неформалниот сектор и од друга страна преку зголемување на бенефициите во формалниот сектор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img