More

    Берлин ја менува тактиката, германскиот јазик не е неопходен

    spot_img

    Не треба да инсистираме странците да зборуваат германски за секоја работа, но треба да се погрижиме вработените во службите за странци да зборуваат англиски, вели Моника Шницер претседателка на Советот на економски експерти на германската влада, пренесува Зидојче Цајтунг.

    – На Германија ѝ требаат 1,5 милиони имигранти годишно за, доколку се одбие огромната емиграција, секоја година да имаме 400.000 нови граѓани и на тој начин да го зачуваме бројот на работници – вели таа.

    – Итно ни е потребна култура на добредојде. Ако „Интел“(фабриката за чипови) гради фабрика во Магдебург и има потреба од странски квалификувани работници, тие исто така мора да чувствуваат дека се добредојдени таму – додава Шницер.

    Пред десет дена, тричлената германска владина коалиција го протурка новиот закон за имиграција на квалификувани работници со мнозинство во Бундестагот. Новина во него е, меѓу другото, таканаречениот систем на шанси, кој се заснова на бодови кои се стекнуваат по различни критериуми.

    Тие вклучуваат јазични вештини, работно искуство, возраст и врски со Германија. Во иднина, специјалисти за ИТ технологија ќе можат да доаѓаат во Германија дури и без високо образование, доколку докажат дека ги имаат потребните квалификации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img