More

    Бектеши очекува договор со Бугарија за цена на струјата од 180 евра по мегаватчас

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши нема да прифати цена на струјата од Бугарија повисока од онаа на која Европската унија планира да ја замрзне цената. Тој рече дека земјава ќе направи договор со Бугарија и со другите земји за цена на струјата кои нема да им штетат на граѓаните

    Бектеши најави дека утре ќе има нова средба на комисиите на која ќе присуствува и тој и очекува договор .

    – Кој е тој што ќе плати струја повисока од онаа на која планира Европската унија да ја замрзне. Ние ги следиме случувањата и занеме дека ЕУ планира да ја замрзне цената на струјата на 180 евра за мегаватчас. Бугарија е земја членка на Унијата и треба да се придржува на оваа одлука – рече Бектеши по средбата со поглаварот на ИВЗ реисот Шаќир Фетаху.

    Бектеши рече дека не се точни цените, ниту процентите  кои се лиферувани во медиумите , бидејќи земјава бара многу пониска цена од тоа.

    Тој рече дека по враќањето на премиерот од САД ќе бидат објевени договорите направени со Србија и Албанија, а веќе наредните денови ќе има средби и во Туркије каде што исто така ќе се разговара за снабдување со струја и гас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img