More

    Бајден пристигна во Брисел

    spot_img

    Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден пристигна во Брисел, каде ќе присуствува на итниот самит на НАТО, ќе се сретне со лидерите на Г7 и ќе се обрати на седницата на Европскиот совет.

    На пат за Брисел, советникот за национална безбедност Џејк Саливан им изјави на новинарите дека САД во четврток ќе објават пакет санкции против руските политичари и олигарси.
    Саливан најави и дека лидерите на Г7 ќе се договорат и во четврток да се координираат за спроведување на санкциите, кои ќе важат и за Кина и дека планираат да дадат изјава за тоа.

    Тој наведе и дека американскиот претседател ќе се консултира со европските сојузници во врска со можноста за сајбер напади и употреба на хемиско оружје во Украина.

    Во средата, пред да замине за Брисел, Бајден предупреди дека постои реална закана Русија да употреби хемиско оружје, пренесува Гласот на Америка.

    Саливан изјавил и дека интензивно разговараат за намалување на европската зависност од рускиот гас и дека САД разгледуваат начини да го зголемат снабдувањето со природен течен природен гас во Европа во наредните недели, пренесува Ројтерс.

    Бајден во Брисел ќе разговара со лидерите на НАТО и европските земји, а потоа ќе отпатува за Полска, каде ќе се сретне со претседателот Анджеј Дуда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img